Политика на приватност

Политика за приватност и услови за користење

Со користење на веб сајтот и мобилната апликација на Грин Ленд Груп ДОО Скопје, вие се согласувате со нашата политика за приватност и услови за користење на содржините кои се од информативен и едукативен карактер. Внесените податоци при полнување на формуларот за зачленување ги сметаме како изразена намера и ваш интерес за учество во системот како членови на колективниот постапувач ГРИН ЛЕНД ГРУП ДОО Скопје за управување на посебните текови на отпад – масла согласно Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, а се однесуваат на  пуштање во промет, употреба и третман на посебни видови на отпад и се во корелација со ЕУ директивите.

Вашите лични податоци не се однесуваат на лични податоци што се собираат на други начини и ќе се користат само доколку доброволно ги дадете преку пополнување на горе наведениот формулар за зачленување и учество во системот како членови на колективниот постапувач преку склучување на Договор за преземање обврски и дејствија за управување на посебните текови на отпад – масла, а понатаму, согласно договорот, и доделување пристап до електронскиот систем за исполнување на превземените обврски од Договорот, а се предвидени и пропишани со предметната законска регулатива.

Грин Ленд Груп  ДОО Скопје својот електронски систем ќе го воспостави со сервисот на Microsoft 365 Business Premium за исполнување на обврската која произлегува од Член 43 став (1) од Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Претплатничкиот сервис на Microsoft се грижи за IT инфраструктурата, уредите, заштита од реланите закани за системот што овозможува безбедна работа во ”Cloud” на сите чинители во системот. Исто така, ќе биде обезбеден и електронски начин за доставување на „Пријава за  изработка на фактура за извршени услуги за увезени количини на масла и отпадни масла“ со цел да се овозможи поефикасност во работењето при доставување, обработка и пристапност на сите чинители до податоците за постапување со посебните текови на отпад  преку затворен  систем на комуникација помеѓу Грин Ленд Груп и секој корисник поединечно без да се наруши приватноста и тајноста на податоците.

ГРИН ЛЕНД ГРУП ДОО Скопје, со личните податоци,  како и податоци што не се лични, а се внесени преку нашата страница, ќе постапува согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при користење на личните податоци со кои располага.

Правните спорови кои можат да настанат како последица од користењето на веб сајтот и мобилната апликација на Грин Ленд Груп ДОО Скопје се во надлежност на судот во Скопје и се решаваат според правилата во РСМ. Со користење на веб сајтот и мобилната апликација, креаторот е согласен дека секаков вид на судир со закони или барање што ќе се појави а е поврзано со овие Услови и правила, вклучително и нивното спроведување, е во надлежност на судот во Скопје.

ГРИН ЛЕНД ГРУП ДОО Скопје има право да ја ажурира оваа политика за приватност и услови за користење на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Контакт инфо: contact@greenlandgroup.mk