Donec efficitur, ligula ut lacinia
viverra, lorem lacus.
Основни Дефиниции И Поими
„Отпад“ е секоја супстанција, материја или предмет кој што создавачот
или поседувачот ги исфрла, има намера да ги исфрли или од него се бара да ги исфрли;
„Опасен отпад“ е отпадот што согласно со своите карактеристики поседува едно или повеќе опасни својства кои можат да предизвикаат опасност по животната средина, животот и здравјето на луѓето.
„Неопасен отпад“ е отпадот што не поседува ниту едно од своjствата на опасниот отпад;
„Управување со отпадот“ е дејност, односно активност што вклучува операции на собирање, транспортирање, складирање, преработка, повторна употреба, отстранување и промет на отпадот, вклучувајќи го и надзорот над овие операции, како и мерките за заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето за време на работата на објектите и на инсталациите за отстранување на отпадот, како и грижата за инсталациите по престанокот на нивната работа или за локациите каде отпадот е отстранет, вклучувајќи ги и активностите преземени од страна на посредник и трговец со отпад;
