За нас

За нас…

Согласно Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад (″Сл. Весник на РСМ″ бр.215/2021), Законот за управување со отпадот (″Сл. Весник на РСМ″ бр.216/2021) и Законот за управување со дополнителни текови на отпад (”Сл. Весник на РСМ бр.216/2021″), донесени од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање,  а кои се однесуваат на  пуштање во промет, употреба и третман на посебни видиви на отпад кои се во корелација со ЕУ директивите, Друштво за трговија и услуги Грин Ленд Груп ДОО Скопје, се формира за колективен постапувач за проширената одговорност на производителот за посебниот тек на отпад-масла како непрофитна компанија.

Со започнување на почетните активности на дејствување во општествените, економските и социјалните  аспекти на национално ниво, преку формирање на колективното постапување и третирање на маслата, Грин Ленд Груп ДОО Скопје се наметнува како нов систем и синџир на поврзување на повеќе чинители во системот.

Колективниот постапувач Грин Ленд Груп ДОО Скопје, ќе спроведе директна и непосредна соработка со увозници/производители на масла кои пуштаат во промет масла, понатаму економски оператори кои ги генерираат отпадните масла, транспортни компании кои вршат траспорт на отпадни материи се до краен прифаќач рециклатор на отпадното масло, се со цел да се исполнат бараните еколошки и одржливи цели кои ќе допринесат до целосна заштита и унапредување на животната средина вклучувајќи ги и сите медиуми на животната средина. (воздух, почва, природата, водата).

Како колективен постапувач, целта на Грин Ленд Груп ДОО Скопје е да изгради и воспостави долготрајна и цврста соработка со своите клиенти и со државата, и согласно со европските регулативи – да го минимизира негативното влијание на отпадот од масла врз животната средина, да промовира одговорен однос на компаниите кон отпадот на масла, овозможувајќи со тоа поквалитетен живот за сите.

Грин Ленд Груп е отворен за вклучување на сите компании што имаат обврска да го менаџираат својот отпад од масла и што се свесни за својата општествена одговорност за обезбедување поздрава животна средина. Во рамките на Грин Ленд Груп ДОО Скопје, новите компании-членки имаат еднаков третман како и компаниите-основачи.