Donec efficitur, ligula ut lacinia
viverra, lorem lacus.
Отворен ден во АСУЦ „Боро Петрушевски“ –Скопје
Грин Ленд Груп: Заедно со младите за зелена иднина
На 16 април 2025 година, Грин Ленд Груп повторно учествуваше на Отворениот ден во
АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје, настан кој ги поврзува учениците со компаниите од
реалниот сектор.
На нашиот штанд, средношколците имаа можност да научат за важноста од правилно
складирање на отпадното моторно масло и како тоа влијае врз животната средина.
Преку едукативна наградна игра, ги мотивиравме да размислуваат еколошки и да
станат дел од позитивната промена.
Горди сме што сме дел од иницијативи кои ја градат свеста за одржливост кај новите
генерации. 💚


