Грин Ленд Груп & АСУЦ “Боро Петрушевски” – подигнување на јавната свест за животна средина како примарна грижа за иднината на човештвото

Грин Ленд Груп & АСУЦ “Боро Петрушевски” – подигнување на јавната свест за животна средина како примарна грижа за иднината на човештвото

На покана на АСУЦ “Боро Петрушевски” на Град Скопје, во рамки на „Отворен ден“ на училиштето на 17.04. 2024 година, колективниот постапувач за управување со масла и отпадни масла „Грин Ленд Груп“ како прокровител на манифестацијата учествуваше во активностите организирани од страна на училиштето.

На учесниците им беа врачени благодарници, но посебна благодарност беше изразена до Грин Ленд Груп  како покровител на оваа манифестација на АСУЦ “Боро Петрушевски” за успешната организација.

Со свој штанд пред присутните учесници, колективниот постапувач за управување со масла и отпадни масла „Грин Ленд Груп“  ја претстави програмата и активностите со цел  информирање на јавноста и подигање на јавната свест за потребата од собирање, повторна упoтреба, преработка и рециклирање на посебен тек на отпад.

За време на манифестацијата во разговорите со присутните беше нагласена важноста за спречување на влијанието врз животната средина од производите и посебните текови на отпад создадени со и по нивната употреба во најголема можна мера, преку обезбедување на висок степен на заштита на животната средина и здравјето на луѓето и потребата за подигнување на јавната свест за животна средина како примарна грижа за иднината на човештвото.

Се­кој отпад што е создаден ќе заврши некаде. Тоа што граѓаните ќе се ослободат од својот отпад и не го гледаат, не значи дека магично исчезнал, напротив, секој отпад со кој нема да постапиме правилно ќе влијае штетно врз животната средина, односно поч­ва­та, водата и воздухот.

Денеска, високо развиената јавна свест, во оваа смисла, станува една од најважните индикатори што ја претставува човечката цивилизација. Таа одразува повеќе аспекти на ситуации поврзани со животната средина како што се знаењето, однесувањето, односот на поединците кон одржливо општество итн. Стекнувањето на знаење и свест за животна средина е процес што трае цел живот и може да создаде одговорно општество што води грижа за животната средина. Во оваа смисла е и придонесот на „Грин Ленд Груп“ како колективен постапувач за управување со масла и отпадни масла во промовирање на  социјалното вклучување во активностите за управување со отпад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *