Donec efficitur, ligula ut lacinia
viverra, lorem lacus.
Законски обврски на производителот
Законски обврски на производителот
Производителите кои за прв пат пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници опрема за сопствени потреби во Република Северна Македонија, се должни да се регистрираат во органот на државната управа надлежен за вршење на стручните работи од областа на животната средина.
Министерството за животна средина и просторно планирање преку Управата за животна средина информира дека:
сите производители кои имаат обврска да се регистрираат согласно Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад („Сл. весник на РСМ“ бр.215/2021) и Правилникот за формата и содржината на барањето за регистрација од страна на производителот, барањето за бришење од Регистарот на производители со проширена одговорност, формата и содржината на Регистарот за производители со проширена одговорност, начинот на чување и одржување на регистарот, како и формата и содржината на потврдата за регистрација на производителот во Регистарот на производители со проширена одговорност и потврдата за бришење на производителот од Регистарот на производители за проширена одговорност („Сл. весник на РСМ“ бр.58/2022) образците за регистрација (на македонски јазик и двојазично (МК и АЛБ) може да ги превземат од следниот линк:
Барање за регистрација на производител – МК
Барање за регистрација на производител – двојазично
Понатаму во информацијата стои дека:
Оние производители кои ќе достават барање од Прилогот 1 на македонски јазик, ќе добијат потврда на македонски јазик. Произвоителите кои ќе достават двојазично барање од Прилогот 1 ќе ја добијат потврдата на македонски и албански јазик. Производителите кои вршат пласирање на одделни производи на пазарот во Република Северна Македонија, со чија употреба се создава отпад што припаѓа на повеќе посебни текови на отпад (на пример и отпад од пакување, отпадни батерии, текстил, возила итн.) поднесуваат посебно барање од Прилогот 1 за секој посебен тек на отпад. Барањето се доставува на хартија во писарницата на Министерството за животна средина и просторно планирање. Ова ќе биде постапката, се до воспоставувањето на електронскиот систем за регистрација на производителите.
Со поднесеното барање од Прилог 1 се поднесува и:
– копија од Тековната Сметка издадена од Централен Регистар на Република Сверна Македонија,
– уплатница од 50 денари за административна такса (за секое поднесено барање за регистрација).
***Жиро сметка за плаќање надомест за дополнителни текови на отпад (возила, масла, текстил и гуми)***
Согласно член 21 став 2 и член 23 став 8 од Законот за управување со дополнителни текови на отпад (надоместок)
УПЛАТНИЦАТА ДА СЕ УПЛАТИ НА:
– Назив на примачот Буџет на РМ
– Цел на дознака надоместок за дополнителен тек на отпад
– Банка на примачот Народна банка на РМ
– сметка 121011520263110
– уплатна сметка 840 ххх 07865*
– Приходна шифра и програма 718160 00 и начин 2
*Забелешка: Трите Х се менуват во зависност од општината во која се уплаќа
ИЗВОР: Министерство за животна средина и просторно планирање
