Со постојана посветеност обезбедуваме постапување со посебниот тек на отпад за сите наши членови креирајќи функционални решенија за да ја трансформираме вашата визија во реалност, одразувајќи ја нашата определеност за извонредност. Нашата ангажираност е вкоренета во нашата мисија да имаме задоволни и среќни членови/партнери.
јавна Свест
Подигнување на јавната свест за производите и видот на отпад што се создава со нивната употреба, за начинот на кој може граѓаните да се вклучат во управувањето со посебните текови на отпад, како и за влијанието на отпадот врз животната средина и здравјето на луѓето.
партнерски односи
Вашата визија е наш приоритет, а нашиот тим е тука да ја оживее, секогаш подготвен да одговори на вашите барања и потреби. Се гордееме што Грин Ленд Груп е вашиот избор.
Исполнување на обврски
Грижа за отпадот што се создава. Воспоставување, организирање и водење систем за собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање на посебен тек на отпад. Постигнување на националните цели за собирање, повторна употреба, преработка и рециклирање на посебните текови на отпад.
Професионалност
Обезбедуваме работна средина која инспирира продуктивност, професионален пристап кој промовира одговорен однос на сите компании кон отпадот на масла, да се минимизира негативното влијание на отпадот од масла врз животната средина овозможувајќи со тоа поквалитетен живот за сите.
обезбедуваме помош за исполнување на проширена одговорност
Превземете ја бесплатно мобилната апликација на Грин Ленд Груп
НАША МИСИЈА
Мисијата се заснова на заштита и унапредување на животната средина и животот на граѓаните, преку почитување на европските и националните стандарди за управување на посебните текови на отпад, преку користење на најдобрите практики и искуства со цел поттикнување на принципите на циркуларната економија
Отпад е секоја материја или предмет што припаѓа во категориите на отпад а која создавачот или поседувачот ја/го отфрла, има намера да ја/го отфрли или од него се бара да ја/го отфрли.
Отпадно масло
Отпаднo маслo е масло кое крајниот корисник го исфрла, има намера да го исфрли или од него се бара да го исфрли.
Колективен постапувач e правно лице кое е основан и поседува дозвола за колективен постапувач за управување со отпадни масла согласно со прописите за проширена одговорност на производителот.
Преработка на отпадни масла
„Преработка на отпадни масла” е кој било метод со кој се произведуваат базни масла од отпадни масла со примена на рафинериски процеси и со кои, особено, се отстрануваат загадувачите, производите на оксидација и адитивите содржани во овие масла.