Посебни Обврски На Произведителот

ПОСЕБНИ ОБВРСКИ НА ПРОИЗВОДИТЕЛOT

Заради заштита на животната средина и здравјето на луѓето, како и заради постигнување на националните цели уредени со прописите за посебните текови на отпад, за производите што ги пуштил на пазарот производителот е должен да обезбеди финансирање на трошоците за остварување на проширената одговорност на производителот за следните активности:

– повратен прием на употребениот производ (отпаден производ),

– повратен прием на отпадот што настанува со употребата на производот, како на пример пакување, расипан дел и слично,

 – повторна употреба на отпадниот производ или не говдел,

– одделно собирање, времено чување на отпадниот производ и на отпадот што настанува со употребата на производот, најмалку за количината што соодвествува на сопствениот удел во постигнување на националните цели,

– транспорт, третман, повторна употреба, преработка, рециклирање и отстранување на остатокот од преработката на отпадот што настанува со употребата на производот најмалку за количината на сопствениот удел во постигнување на национални цели,

– трошоци за комуникација со јавноста поврзани со информирање за начинот на постапување со отпадот што настанува со употребата на производот,

 – трошоците поврзани со финансиската гаранција,

– трошоци за инвестирање во инфраструктура за собирање на отпадот што настанува со употребата на производот за да се обезбеди селекција на секој посебен вид на отпад за кој производителот има обврски за управување со посебен тек на отпад,

– редовно преземање на отпадниот производ и отпадот што настанува со употребата на производот од трговецот, односно од местото на достава на нов производ, како и од местото кое согласно со договорот за соработка е определено од општината,

– редовно преземање на отпадниот производ и отпадот што настанува со употребата на производот од домаќинствата, како и од овластени собирачи согласно со прописите за посебните текови на отпад и

– исполнување на други обврски што се утврдени за производителот во прописите за посебните текови на отпад.

Трошоците за постапување со отпадниот произ вод и отпадот што настанува со употребата на производот, производителот не смее да ги прикажува одделно при продажбата на производот.

Извор: Член 17 од Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад

#ГринЛендГруп #отпадно #масло #екологија #ГринЛенд

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *