Green Land Group – Компанија со визија за почиста и поодржлива иднина

Клубот за подводни активности „Езерски Пулс“ од Струга ѝ додели благодарница на
Green Land Group за учество и поддршка во еко-акција за чистење на брегот на
Охридското Езеро.
Како сертифициран колективен постапувач со отпадно масло, нашата компанија ја
демонстрира својата општествена одговорност и активно придонесува кон зачувување
на животната средина.
Преку оваа акција, покажавме дека ја живееме својата мисија – создавање почиста и
поодржлива иднина за сите нас.
Наша цел е да бидеме двигател на позитивна промена. Затоа со секој чекор, со секое
партнерство и со секоја поддршка, испраќаме јасна порака:
➡️ Промената е можна кога институциите, компаниите и граѓаните се здружуваат со
една заедничка цел – заштита на природата и иднината на генерациите што доаѓаат.
🌱

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *