Donec efficitur, ligula ut lacinia
viverra, lorem lacus.
Еко-едукација за учениците од ООУ „Гоце Делчев“ – Центар
Секоја правилна одлука е чекор кон почиста и поздрава околина
Green Land Group реализираше едукативна активност во ООУ „Гоце Делчев“ – Центар, Скопје, како продолжение на својата мисија за градење еколошка свест кај најмладите.
Во активноста учествуваа учениците од I-б одделение, кои преку интерактивна игра и разговор учеа за екологијата, заштитата на животната средина и правилното постапување со отпадот.
Централниот дел од активноста беше едукативниот лавиринт. Движејќи се низ него и избирајќи ги точните одговори, децата откриваа како нивните секојдневни одлуки влијаат врз околината. На едноставен и забавен начин научија дека правилното одложување на отпадот, одговорното користење на ресурсите и грижата за природата се навики што може да ги применува секој.
Интерактивниот пристап им овозможи на учениците активно да учествуваат, да поставуваат прашања и самостојно да доаѓаат до решенија. На овој начин, еколошките теми станаа разбирливи, интересни и блиски до нивното секојдневие.
Како поттик да продолжат да ги применуваат научените навики, учениците добија симболични подароци. Green Land Group донираше и прочистувач на воздух за училиштето, со цел да придонесе за поздрава и попријатна средина во која децата учат и растат.
Чистата животна средина започнува токму таму каде што се создаваат идните генерации – во училниците, училиштата и заедниците што ги учат децата да бидат внимателни, одговорни и свесни за своето влијание.
Им благодариме на учениците и на наставниот кадар од ООУ „Гоце Делчев“ за гостопримството, љубопитноста и прекрасната енергија.
Green Land Group – затоа што промената започнува од најмладите.



